Што е социјална економија
Не постои едноставна, јасна дефиниција за социјална економија.
Генерално, социјалната економија се нарекува „Третиот сектор“ или „Не-
профитен сектор“ и може да се дефинира со следната дефиниција:
„Просторот" во економијата, кој се наоѓа помеѓу приватниот сектор
(профитен сектор) и јавниот сектор, каде што се извршуваат
економските активности со социјални цели, се нарекува социјална
економија.
Со други зборови, тоа се однесува на сите социо-економски
активности кои не припаѓаат ниту на традиционалниот - приватен
бизнис сектор, ниту на јавниот сектор, а чија главна цел е да се
постигнат социјални цели (без создавање на профит, како што е
случај со претпријатија од приватниот - профитен сектор).
Дефинирање на социјалната економија
Постојат неколку начини при дефинирање на социјалната економија
(погледни ги дефинициите кои следат).
Секторот за социјалната економија ...