Пребарувач на курсеви за обука:

[Advanced Search]



SEED

Проект СЕЕД

СЕЕД-Отворена Образовна Платформа (ООП) има за цел да ја подобри конкуретноста на социјалните претпријатија и да го зајакне нивниот потенцијал во ЕУ преку развивање на Отворена Ообразовна Пплатформа. Таа платформа ќе вклучува значајни решенија за обуки прилагодени на специфичните потреби на секторот, комплетирани со најдобрите практики, студии на случај и научени лекции. СЕЕД-ООП ќе стане централна точка и платформа за размена на практики, знаења и можности за социјалните претпријатија во ЕУ. СЕЕД-ООП не само што ќе овозможи практични алатки и ресурси за обука, туку ќе стане и акцелератор на социјалното претприемништво преку инспирирање на креативност кај идните социјални претприемачи за истражување на нови иновативни форми за креирање на општествена вредност.

Партнерите ги имаат следниве активности:

  • a) Проценка на потреби на социјалните претприемачи, и потврда на потребите за тренинг и зајакнување на капацитети идентификувани од страна на генералниот директорат за вработување при ЕК: “Мапа на социјалните претпријатија, и нивниот ekо систем” во комерцијален и претприемнички дух, со менаџерски и професионални вештини.
  • б) развивање на иновативни модули и материјали за обука (лице в лице) прилагодени на специфичните потреби на социјалните претпријатија (двојна мисија)
  • в) пробна обука за да се провери нејзината важност
  • г) идентификување на најдобри практики, студии на случај и научени лекции
  • д) Тековно интересна СЕЕД обука преку ООП за да се зголеми влијанието

Резултатите од СЕЕД-ООП се иновативни модули за обука и содржина за електронски, и лице в лице обуки; прирачник со најдобри практики, студии на случај и научени лекции. ООП платформата ќе продолжи и по завршување на финансирањето од ЕК, поради долготрајно влијание и одржливост. СЕЕД-ООП директно ќе ги вклучи целните групите на социјални претприемачи и обучувачите во спроведувањето на проектот. На проценката на недостатоци на капацитетите ќе бидат вклучени најмалку 50 социјални претпријатија, а на пробната обука најмалку 200 социјални претприемачи (сегашни и идни). СЕЕД-ООП ги спојува сите учесници во екосистемост на социјални претпријатија во ЕУ: приватен и јавен секетор, невладини организации, обучувачи и социјални претприемачи. Со 8 партнери од 6 земји, партнерството претставува културна и социјална разноликост, и ги отсликува различните пристапи на ЕУ кон социјалното претприемништво.

Методологијата е научна и се базира на профилирање на сет од вештини, мапирање на потреби и развивање на прилагодени обуки. Обуките ќе бидат тестирани и потврдени за потоа да станат широко достапни преку ООП платформата.

SEED Social Entrepreneurship in a Eu Dimension Partner SEED Social Entrepreneurship in a Eu Dimension Partner Super partner SEED Social Entrepreneurship in a Eu Dimension Partner SEED Social Entrepreneurship in a Eu Dimension Partner SEED Social Entrepreneurship in a Eu Dimension Partner SEED Social Entrepreneurship in a Eu Dimension Partner SEED Social Entrepreneurship in a Eu Dimension Partner