Пребарувач на курсеви за обука:

[Advanced Search]



SEED

СЕЕД Обука

Нашите курсеви

СЕЕД Содржината на СЕЕД обуката е заснована на знаењето на партнерите за социјално претприемништво и за обука.

Партнерите веќа ја имаат дефинирано струкутра на обуките и оттука и за ООП, која што и понатаму ќе се развива според сознанијата што ќе се добијат од проценката за недостаток на капацитетите.
Идентификувани се следните области

  • Социјално претприемништво: дефинирање и разграничување на „социјалните претприемачи“ и нивните детерминанти: што доаѓа прво, „социјален“ или „претприемач“?
  • Социјално претприемништво: мешање на општото добро со себичен бизнис. „Двојната мисија“ на социјалните претприемачи
  • Бизнис планирање за социјалните претприемачи: Колку претприемачот треба да биде “социјален”?
  • Пристап до финансии за социјалните претпријатија: финансиска криза, социјална мисија и потреби на бизнисот
  • Управување со социјално претпријатие: профитот и неограничената социјална амбиција
  • Мерење на „социјалниот профит“: како социјалните претпријатија го мерат „успехот“
  • Социјална корпоративни комуникација: како социјалните претпријатија комуницираат со „клиентите“, заинтересираните страни, заедницата и општата јавност

Темите идентификувани погоре ќе бидат понатаму развивани, проширени, разработени следејќи ги резулатите од ПРОЦЕНКАТА НА НЕДОСТАТОК НА КАПАЦИТЕТИТЕ која ќе овозможи точни индикатори за вистинските и специфичните потреби на сегашните и идните социјални претпријатија.

Претходно споменатата содржина ќе биде донесена во форма на иновативни алатки и средства за обука, идентификувани како: Примери: лесни за употреба и содржат насоки, чек листи, упатства

Најдобри практики: отсликување на најдобрите случаи и научени лекции од вистински сценарија за тоа како да се основа и управува социјално претпријатие

Студии на случај: практични примери за решавање на проблеми во социјалното претприемништво

Сведоштва од лидери и социјални претприемачи, во форма на статии, студии на случај, интервјуа итн

SEED Social Entrepreneurship in a Eu Dimension Partner SEED Social Entrepreneurship in a Eu Dimension Partner Super partner SEED Social Entrepreneurship in a Eu Dimension Partner SEED Social Entrepreneurship in a Eu Dimension Partner SEED Social Entrepreneurship in a Eu Dimension Partner SEED Social Entrepreneurship in a Eu Dimension Partner SEED Social Entrepreneurship in a Eu Dimension Partner